Шарлиз Терон совршена во бело одело на „Диор“

8 март 2018

Шарлиз не ја видовме на годинашното издание на „Оскарите“. Сепак, неколку дена потоа (во вторникот) се појави на премиерата на црната комедија „Gringo“ во Лос Анџелес.

На црвениот килим се појави во бело одело со потпис на „Диор“. Комбинацијата е во целост од писта од последната колекција од Висока мода во париз.

Комбинацијата ја заокружи со впечатлив накит и лежерна фризура со плетенка.

Освен неа, на премиерата присуствуваше целиот тим што работи на филмот, како и колегите.

Аманда Сејфрид се појави во црна креација од уличниот бренд „H&M“, а за црни креации се одлучија и Парис Џексон, како и Лупита Нјонго, која се одлучи за впечатлив корсет на врзување и лелеаво здолниште.

Погледнете ги и останатите фотографии од премиерата:

Објавено:
8 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.309 пати
Извор: 
daily mail