Шарлот и Кејт Мидлтон модно усогласени

27 декември 2019

Принцот Вилијам со семејството завчера присуствуваа на мисата во  Св. Марија Магдалена во Сандригам, заедно со остатокот британското кралско семејство, секако без Меган и Хари.

Но, она за што се зборува по социјалните мрежи и два дена подоцна, е малата принцеза Шарлот.

Таа и нејзината мајка, беа интересно модно усогласени.

Имено, Кејт носеше сив капут со крзени детали, со дворедно закопчување и ремен, а во комбинација со смарагдно зелена шапка, чанта и чевли на висока потпетица. 

Токму во таква зелена беше капутчето на Шарлот, која изгледаше прекрасно. Со црни хулахопки и чевличиња, како и убавата фризура, малата принцеза ги освои симпатиите на народот, кој не штедеше комплименти на социјалните мрежи.

Нејзиниот брат Џорџ беше прав мал господин во панталони, кошула, џемпер, вратоврска и палто, како мини копија на неговиот татко. 

 

 

Објавено:
27 декември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.106 пати
Извор: 
daily mail