Шерон Стоун е несреќна зашто старее

19 февруари 2014

Таа е симбол и олицетворение на сексапилот, жена која иако сега е во зрела доба на 55 години, се уште е во форма и важи за една од најубавите актерки на денешницата. Мартовското издание на американскиот магазин „Shape“, го краси насловна страна од актерката, која во интервју за споменатиот магазин изјавува дека е несреќна поради фактот што старее.

-Го гледам своето тело и плачам и плачам. Но, си реков себеси: Помири се дека старееш. Како сакаш да изгледаш?, изјавува Стоун.

Иако е несигурна во себе, Шерон Стоун покажа дека изгледа сјајно, како што вели,  благодарение на здравата исхрана и танцувањето. Исто тка, открива и дека порано уживала пиејќи вино, но сега повеќе не го консумира.

Објавено:
19 февруари 2014
Категорија: 
Сцена