Шерон Стоун не ја напушта провокативноста и на 59 години

5 јануари 2018

Актерката Шерон Стоун неодамна беше специјален гостин на хуманитарна вечера во Швајцарија каде успеа да го украде сето внимание.

Иако е на прагот на седмата деценија од животот, очигледно е дека изгледа и се чувствува одлично, па провокативните модни изданија сè уште се нејзините омилени.

За оваа пригода таа се појави во црна провокативна креација. Горниот дел е направен од транспарентна тантела, широкото здолниште исто така е од транспарентна ткаенина, под која јасно се гледа нејзината долна облека. Креацијата е збогатена и со широк ремен, со што актерката уште повеќе ја нагласи убава фигура.

Но, смелоста секогаш одела со Шерон Стоун. Со кратката, “дива“ фризура, црните чизми и црната клач чанта, таа го заокружи изгледот кој е спој на елеганција и провокативност.

Со насмевката пак, која секогаш ја носи како најскапоцен моден додаток, Стоун уште еднаш даде до знаење дека најважно е како се чувствувате во сопствената кожа и каква енергија пренесувате.

 

фото извор: thesun.co.uk; daily.vo.uk;

Објавено:
5 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.221 пати