Шерон Стоун: Пластичните хирурзи ме молат да се оперирам кај нив

3 март 2014

Познатата актерка Шерон Стоун,  во едно неодамнешно интервју за американскиот магазин Showbizspy  изјави дека постојано добива повици и препораки од пластични хирурзи, кои бараат од неа да го оперира своето лице, односно да го затегне во нивните ординации.  Се уште фаталната 56 годишна актерка е горда на својата природна убавина и на тоа дека никогаш не направила естетски зафат.

-Постојат многу врвни пластични хирурзи кои со години се обидуваат да дојдат до моето лице. Не можам дури да набројам колку понуди сум добила во претходните 10 години. Денес сите девојки изгледаат исто, истите јаболчници, ист нос, усни изјавила Стоун.

Шерон на свои 20 години паднала од коњ и се здобила со лузна на лицето. Тоа е единствената  операција на лицето на актерката и тоа не по нејзина воља.

Објавено:
3 март 2014
Категорија: 
Сцена