Ширли Бејзи има нешто да им каже на Бијонсе и Ријана

21 октомври 2016

Повеќе од 60 години присутна на светската музичка сцена, дамата Ширли Бејзи има многу што да им порача на своите помлади колешки.

Многу прецизно вели:„Мене ми изгледа како сите тие да се натпреваруваат која ќе има помалку облека на себе. Во мое време тоа се поднесуваше и тоа со мерка кога натстапував на сцена во грандиозни продукции. Кога ќе ги видам на црвениот килим на Мет Гала на пример, ќе ми простите, ама се згрозувам. Тие сите - Ријана, Бијонсе, Џеј Ло, Ким Кардашиан, кои се борат условно за насловни страни, скандалозни наслови, тие сите не размислуваат дека даваат порака на сите млади девојчиња како треба да се облекуваат. Значи полуголи, така? Многу тажно, многу тажно“.

Таа додава дека има многу други работи што се попривлечни отколку да се соблечете голи:

„Мислам дека е најважно да оставиш нешто и на имагинацијата, да оставиш публиката да фантазира за тебе и со тебе. Да, јас важев за секси со сите мои тоалети на сцена, но никогаш не покажав сè ,не покажав голо тело. Мерката е најважна. Имам порака до сите нив, одете во студио и оставете го срцето таму. Не е лошо понекогаш да земете и професор по пеење за да го едуцирате сè повеќе вашиот вокал“, порачува Бејзи.

Се согласувате ли со неа?

Објавено:
21 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.502 пати