Што имаат заедничко Хејли Болдвин, Бела Хадид и Северина?

23 септември 2019

Од време на време на модната сцена се појавуваат впечатливи фустани што за кратко време стануваат хит и можеме да ги видиме на бројни познати девојки.

Токму таков е фустанот од ресортот на Александре Вутје што најде место во комбинациите на девојките што често сакаме да ги следиме на Инстаграм, а од истиот беа воодушевени и Хејли Болдвин, Бела Хадид и популарната хрватска пејачка Северина.

Шармантната Северина фустанот од популарниот бренд го надополни со црвени сандали на висока потпетица и кафена шик чантичка со потпис на познатата дизајнерка Габриела Хрст чии парчиња носат Опра и Меган Маркл.

Бела Хадид

Станува збор за свилена креација во интензивна црвена боја со бели точки по површината која е една од омилените за оваа сезона, иако е од 2018 – тата година.

Изабел Ипер

Истата ја носеше и сопругата на Џастин Бибер, Хејли, Бела Хадид во еден едиторијал, манекенката Наташа Водјанова на настанот поврзан со нејзината хуманитарна организација, но и актерката Изабел Ипер.  

Хејли Болдвин

Иако различно комбиниран, фустанот е полн погодок во секоја варијанта и одлична инспирација како би можеле да изгледате на некоја есенска свеченост.

Наталија Водјанова

Инфо и фото: Cover.style.hr 

Објавено:
23 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.201 пати