Што кажува вашето лице за вас?

20 јули 2018

Експертот за комуникација и профилирање, Алан Стивенс работи 30 години во неговата професија и е исклучително специјализиран за читање на јазикот на телото и лицето.

Неодамна, за Дејли Мејл Австралија тој одвои време и го анализираше лицето на ултра популарната нова војвотка Меган Маркл, актерките Никол Кидман и Елса Патаки, како и на миленичката на новата генерација, Кајли Џенер.

Меган Маркл

За да се види дали некој е пријателски расположен, треба да го погледнете растојанието помеѓу веѓите и врвот на окото.

„Веѓите и трепките на Меган се блиску едни до други, што значи дека таа е пријателски настроена со сите“, објаснува тој.

 Тој појаснува дека можете да процените колку некој е толерантен ако подобро го погледнете пределот помеѓу очите. Со оглед на тоа што овој простор кај војвотката е мал, луѓето треба да размислат пред да и пријдат.

„Ако ви треба нејзината помош, но таа е зафатена во тој момент, нема да биде среќна што сте ја повикале. Таа е личност која сака да се фокусира на работите и да ги поправи истите без ничија помош“, вели експертот.

Тој додава дека долната усна е одлика на дарежливост, па колку е поголема, толку подарежлива таа личност е.

Високото и коцкасто чело на војвотката посочува на тоа дека таа сака да се впушта во нови работи, додека сјајните очи и темниот тен посочуваат на сексапил со кој плени каде и да се појави.

Никол Кидман

Веѓите на актерката укажуваат на тоа дека таа е голем аналитичар, секогаш сака да разговара, дури и за најмалите детали. Нејзините тенки усни укажуваат на тоа дека таа секогаш сака добро да размисли и да ги анализира луѓето пред да се спријатели, па доколку од неа добиете скап подарок, треба да знаете дека навистина и значите.

Таа е човек кој добро размислува како ќе се претстави себеси пред другите, а малото растојание помеѓу усните и носот посочуваат на тоа дека има добра смисла за хумор.

Кајли Џенер

Според ширината на нејзиното лице, таа е човек со голема самодоверба. Таа е личност на која луѓето ќе и веруваат уште на прв поглед, а големото растојание помеѓу очите и веѓите укажува на тоа дека таа не размислува за деталите, туку само за тоа како целиот проект ќе изгледа на крајот.

Таа секогаш донесува одлуки базирани на целосната слика, а не е многу концизна кога станува збор за работата, туку постојано сака да зборува.

„Ако некој нешто ја праша и сака конкретен одговор, таа ќе го раздолжи тоа, додека Никол и Меган веднаш ќе одговорат“, вели Стивенс.

Со тоа што подлегнала на пластични операции на лицето, особено усните, тој ќе каже дека таа само сака да се зашити себеси и нејзиното срце и е внимателна на кого ќе му раскаже сè за себе.

Растојанието помеѓу очите посочува на тоа дека таа е толерантна кога се грешките во прашање, а длабоките очи укажуваа на тоа дека сака за некои работи сериозно да се говори.

Елса Патаки

Благодарение на нејзиното широко лице, шпанската актерка, модел и продуцент е човек на кој може да му се верува. Таа е позатворена личност, како резултат на хоризонталните веѓи. Растојанието помеѓу очите е пошироко, што значи дека е неверојатно толерантна. Таа е среќна кога им треба нејзината помош на другите луѓе и секогаш сака да помогне на било кој начин. Поради кружниот облик на лицето, никогаш нема да ѝ пречи да направи иста работа и по неколку пати.

Извор и фото: Дејли Меил

Објавено:
20 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.456 пати