Што носат четири модни уреднички за време на актуелните модни недели

22 септември 2017

Четири модни уреднички од тимот на popsugar.com овој месец се во трка со времето да стигнат на сите ревии на престижните модни недели во четирите модни метрополи, впрочем како и сите нивни колеги од етаблираните модни медиуми.

Марина Лиао, Никита Памшингани, Хана Вајл Мекенли и Сара Вослак не само што треба да изгледаат шик и уникатно во име на нивната професија и улога на модните недели, туку тие мора истовремено да се чувствуваат и удобно во тоа што го носат за да го издржат притисокот на динамичниот ден.

Овие четири дами нашле идеална солуција следејќи го својот сопствен моден инстинкт.

Селектиравме неколку фотографии од нивните досегашни појавувања на ревиите, што ќе ви откријат неколку клучни моменти во нивниот стил: остануваат верни на својот личен имиџ, одбираат удобни чевли, облеката е во пријатни и лелеави кроеви изработена од природни материјали, деталите се впечатливи, приоритетот е на едноставноста...

Објавено:
22 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.075 пати