Што носеа познатите на „Teen choice awards“

1 август 2016

Викендов во Лос Анџелес, Калифорнија традиционално беа доделени наградите Teen choice awards каде главната одлука за најпопуларните во шоу бизнисот за 2016 година, ја имаа тинејџерите.

Џастин Тимберлејк е првиот што на овој избор ја добива „Наградата на деценијата" и по тој повод во своето обраќање до младата публика тој порача дека тие треба „да бидат дел од решенијата, а не да бидат проблем". Исто така во својот говор тој му оддаде почит и на големиот Мухамед Али кој го спомна како позитивен пример што младите луѓе треба да го следат.

Помеѓу наградените оваа година се и Џенифер Лоренс, за најдобра актерка во жанр – Драма, Леонардо Дикаприо за најдобар актер во истиот жанр, за најдобар филм во жанрот – Авантура триумфираше „Deadpool", за најдобар пејач тинејџерите го изгласаа Џастин Бибер, додека за најдобра пејачка неговата поранешна девојка Селена Гомез. Според младата публика, најдобра музичка група за тековната година се One Direction, а Бијонсе е најдобриот хип-хоп изведувач.

Црвениот килим на овие награди секогаш е во духот на младоста, па затоа сосема очекувано изобилува со богат колорит, кежуал стајлинзи, но оваа година можевме да видиме и по некоја диско-глам комбинација. Што носеа познатите погледнете во галеријата во продолжение.

 

Објавено:
1 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
418 пати