Што прават моделите по завршувањето на модните недели?

9 ноември 2013

Една од нив е Мили Симондс која има настапувано на ревиите на Бурбери, Мулбери, Селин и Пол Смит. „По завршувањето на модните недели, започнува најбурниот период од годината бидејќи тогаш најчесто се бараат модели за празнични едиторијали. Токму поради тоа периодот пред Божиќ и Велигден се смета за „период на кампањи“ кога Њујорк е исполнет со голем број модели кои бараат дополнителни ангажмани до следните модни шоуа“ – кажала Мили.

Периодот на кампањите е порелаксирачки за разлика од разните драми и притисоци за време на модните ревии, а како најголем страв Мили го истакнала проблемот со чевлите со висока потпетица. „ Иако со моделството се занимавам од мојата 16 година, сепак чувствувам доза на страв кога ќе морам да носам чевли кои се тешки за носење. Но сепак, целата атмосфера и адреналинот си го прават своето, па до сега не сум се соочила со некоја поголема потешкотија“ – додала Симондс.

Во однос на советите, Мили истакнала дека е добро да се слушаат советите од модните агенти, фамилијата и блиските пријатели, но сепак секогаш да се следи внатрешната интуиција.

Објавено:
9 ноември 2013
Категорија: 
Сцена