Сиа: Патам од хронични болки!

7 октомври 2019

Познатата пејачка Сиа, викендов на социјалните мрежи сподели дека боледува од невролошка болест, која ѝ предизвикува хронични болки.

На Твитер профилот откри дека има Елер Данлосов синдром (ЕДС). Како пренесува „Би-би-си“, се работи за ретка наследна болест, која се карактеризира со претерана подвижност на зглобовите, претерана растегливост и чувствителност на кожата и кревкост на сите ткива. Може да предизвика силна болка во зглобовите и огромен замор.

Инаку, Сиа (43) во јавноста беше позната по тоа дека не открива премногу детали од својот живот, а уште од почетокот на кариерата го сокрива лицето со необични перики и модни додатоци.

„Здраво, страдам од хронична болка, невролошка болест, Елерс Данлос и само сакам да им порачам на сите кои патат од некоја болка, физичка или емоционална, ве сакам, не откажувајте се! Животот е е***о тежок. Болката знае да демоларизира, но не сте сами“, напиша музичарката.

За потсетување, Сиа веќе зборуваше за зависноста од алкохол и лековите против болка, а минатата година на социјалните мрежи откри дека веќе осум години е трезна.

Спрема податоците на Британската национална здравствена организација, постојат три типа на  ЕДС и додека некои облици се благи, некои пак можат да доведат до инвалидитет и да влијаат на животниот век. Постојат превентивни мерки и третмани кои можат да помогнат и да ги ублажат симптомите.

Пејачката доби голем број пораки и коментари на поддршка, а болеста, како што споменавме и погоре е ретка и погодува еден од 5.000 луѓе широм светот.

 

 

 

Објавено:
7 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
541 пати