Сиара: Бремена и помоќна од било кога!

8 март 2017

Прекрасната и секогаш позитивна Сиара ги израдува нејзините обожаватели со фантастична фотосесија за магазинот Харперс Базар во која го покажа трудничкото стомаче во прегратка на нејзиниот сопруг и слаткиот син.

Таа не сака да открие кога е нејзиниот термин, но во интервјуто за магазинот вели дека на пат се две бебиња.

Многумина веднаш помислија дека таа очекува близнаци, но во тоа никој не може да биде сигурен, бијдеќи како што таа појаснува, другото бебе можеби е нејзиниот нов албум кој треба да излезе многу наскоро.

„Имам бебе и нов албум“, се смее пејачката додека раскажува за нејзината прекрасна втора бременост во интервјуто за магазинот.

Таа за себе ќе каже дека е посилна од било кога, но признава дека нејзината дефиниција за силна се променила.

„Порано, мислев дека сум силна ако нешто лошо ми се случи и продолжам понатаму. Денеска, сфатив дека да се биде ранлив е една форма на силна. Тогаш кога ќе решите да бидете искрени со себе, тоа ќе ви го смени животот“, вели Сиара која својата сила ја пронашла во ранливоста, по раѓањето на нејзиниот прв син Future. Тој ја научил да биде трпелива пред сѐ.

За време на оваа бременост таа ќе каже дека постојано посакува да јаде портокали и да пие ладна вода со мраз, а кога станува збор за кофеин, понекогаш знае да испие зелен чај.

Она што ја исполнува и сака да го прави додека е бремена се честите посети на Универзитетот во Јужна Калифорнија каде се сретнува со девојките од организацијата I Am That Girl.

Оваа организација им помага на девојките да ги претворат сите стравови и несигурности во љубов кон себе. Нејзината улога во истата е да ги потсети дека не сами во нивното патување и дека сите понекогаш поминуваме низ истите работи, само имаме различен начин за раскажување на приказната.

Во време кога жените сѐ повеќе сакаат да се натпреваруваат меѓу себе, или барем околностите ги тераат на тоа, таа се обидува да остане вистинска и реална пред сѐ.

„Кога сте мирни, можете да слушнете и да видите многу повеќе. Постои еден многу убав збор – љубов. Кога ќе запознаете некоја успешна и моќна жена, она што треба да покажете е меѓусебна љубов и почит, бидејќи денеска живееме во навистина тешка околина“, вели Сиара.

Она што и е особено важно во животот, особено во овој момент е приватноста, бидејќи покрај новиот албум, наскоро доаѓа и ново бебе.

„Јас сум навистина возбудена за овој период во мојот живот. Се радувам кога го гледам мојот син како трча наоколу и си мислам дека наскоро ќе има две вакви суштества во нашиот дом. Ќе бидеме во постојана акција“, вели пејачката во интервјуто. 

Објавено:
8 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.014 пати