Сиена Милер го „чисти“ гардероберот во добротворни цели

20 август 2013

Актерката Сиена Милер ќе го „олесни“ својот плакар, спроведувајќи хумана акција. Таа ќе ги стави своите омилени парчиња гардероба и аксесоари на он-лајн продажба на сајт за втора рака облека HardlyEverWornit.com, а парите од продажбата ќе ги донира во добротворни цели. Освен Сиена, многу познати личности ги продаваат своите лични работи, токму на овој сајт.

 

Милер освен што е мега позната актерка, не можеме да го занемариме  и моментот дека таа е модна икона која години наназад импресионира со својот изглед, така што продажбата и донацијата на нејзината гардероба е добредојдена за вљубеничките на овој стил. Инаку, сајтот е основан од Шерон Волтер Фергусон, кој почнал со обичен концепт, преку кој се продавале парчиња облека од нејзините пријатели.

 

Сега, освен Сиена на сајтот огласува и Кејт Босворт и многу други познати. Меѓу омилените парчиња облека и аксесоари на Сиена Милер објавенисе чанта од Луј Виотн, палто од Вера Ванг и уште неколку интересни аксесоари. Ова е интересна идеја како може и кај нас да се направи нешто слично, ако не од познати личности барем од група ентузијасти расположени за еден ваков хуман гест.

Објавено:
20 август 2013
Категорија: 
Сцена