Синот на Џад Лоу стана модел!

19 јуни 2014

„Најжешкиот тренд“ во светот на модата денес е пикси фризура и да имаш познат родител. Следејќи ги стапките на Ајрланд Болдвин, Корин Фокс и Џорџија Меј Џегер и синот на Џад Лоу, седумнаесет годишниот Раферти реши да заплива во водите на модниот океан.

Имено младиот и неверојатно шармантен Раферти во неделата вечер за прв пат се појави на пистата на модното шоу на DNKY, кое се одржа во склоп на модното претставување на машките колекции во Лондон. Своето прво деби појавување пред светската јавност Раферти го имаше во 2012 година во британската едиција на магазинот Vogue.

Раферти на пистата привлече големо внимание, а се појави облечен во црно бела комбинација на дрес, панталони и патики и неверојатно држење на телото. Присутните не можеа а да не искоментираат дека Раферти има наследено голем дел од гените на неговиот татко и му предвидоа блескава кариера.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Сцена