Сите ѕвездени фустани на Лорен Скот...

18 март 2014

Неочекуваната смрт на дизајнерката Лорен Скот го шокираше целиот свет. Без да говориме за причините за нејзината смрт, можеби е вистинско време да се потсетиме на нејзините беспрекорни дизајни и фустани што таа умееше да ги создаде за ѕвездите на црвениот килим.

Таа беше омилена меѓу многумина. Поранешен модел и од 2006 – тата, креативен директор на сопствениот бренд, Лорен Скот беше едно од најпознатите лица во модата. Шармантната дизајнерка имаше исклучителен вкус. Таа секогаш од своите колекции ги бираше совршените фустани за себе, за нејзиното беспрекорно и слабо тело.

На долгата листа клиенти што Лорен ги имаше кај себе, се наоѓаа и некои од миленичките на Холивуд како Сара Џесика Паркер, Џенифер Лоренс, Никол Кидман, Пенелопе Круз и уште многу други.

Со оглед на тоа што светките се чини дека беа омилени на дизајнерката, ваквите фустани беа многу чести на црвениот килим кај нејзините клиенти.

Џенифер Лоренс и Марион Котилард Џенифер Лоренс и Марион Котилард

Во продолжение, да се потсетиме на некои од нејзините најубави фустани што ќе останат да сведочат за нејзиното богато наследство и исклучителен талент што го поседуваше.

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Сцена