Сите фасцинантни комбинации на Оливија Палермо на NYFW

13 септември 2019

Иако во последниве неколку години, модното блогерство стана популарна професија и бројот на модни блогерки е многу поголем во однос на годините кога сè уште беше „хоби", сепак блогерките што први сериозно влетаа во тој бизнис, важат за едни од највлијателните и денес.

Меѓу нив несомнено е и Оливија Палермо, која низ годините успеа да го задржи статусот на една од најпопуларните блогерки, благодарение на конзистентната сериозност во поглед на работата.
Медумите не престанаа да пишуваат за неа и покрај огромната конкуренција, затоа што секогаш е интересна за јавноста и надвор од шаблонот.

Така беше и на Модната недела во Њујорк. Палермо се појави во неколку различни фасцинантни изданија, како гостинка на ревиите на дизајнерите.

Таа е достојна на својата препознатливост, во која елеганцијата и женственоста се есенцијата, но секогаш умее да ги спакува во урбано издание кое комотно може да го категоризираме како улична мода.

Издвоивме неколку фаворити од нејзините највпечатливи изданија на штотуку заокружената Модна недела во Њујорк.

Објавено:
13 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
849 пати