Сите ги изненади: Која е новата девојка на Кијану Ривс?

5 ноември 2019

Кијану Ривс не е типична холивудска ѕвезда и токму поради тоа стана миленик на публиката ширум светот. Јавноста ја дозна неговата трагична животна приказна, но тој одби да биде растргнуван уште повеќе. Скромен, доблесен и бескрајно талентиран, Кијану го држеше својот приватен живот за себе, а го споделуваше талентот со сите.

Но, после 35 години, актерот ја изненади јавноста. Неодамна на една свеченост одржана во Лос Анџелес тој се појави на црвенииот килим во женско друштво. 

Веста дека не ја сокрива среќата ги израдува обожавателите ширум светот, но после тоа следеа бројни коментари околу неговиот избор - која е девојката и колку години има, бидејќи изгледа значително постаро од него.

„Ова му е девојка или мајка“, „Не очекував девојката на Кијану Ривс да изгледа вака“, „Можеше и подобро“, се само дел од коментарите, но далеку помногубројни се оние што изразуваат поддршка и што се среќни што актерот не се прилагодува на атмосферата во Холивуд: „Кијану е конечно среќен“, „Баш се слатки, им ја посакувам целата среќа на светот“, „Мора да е многу посебна за него, штом ја покажа пред светот“, „Конечно Кијану!“, „Среќна сум што не излегува со некоја што има 18 години, само напред Кијану, ти ја посакувам сета среќа на свет“...

Кијану (55) на црвениот килим ја држеше за рака уметницата Александра Грант (46). Таа активно учествува во бројни уметнички проекти врзани за сликарство, вајарство и поезија. Пред неколку години двојката имала можност да соработува заедно, па во медиумуте се шпекулира дека тука и започнало нивното познанство. 

Во мај годинава во интервју за „The Jakarta Post" ќе рече дека е осамен човек.

На прашањето во интервјуто: Што за Вас значи љубовта?, Кијану одговара:
-Мислите на романтична љубов? Знаете, јас сум осамен човек. Немам никого во мојот живот, во таа смисла. Но, ако ми се случи таква љубов, ќе ја почитувам и сакам таа личност. Се надевам ќе ми се случи...

Месеци подоцна, тој има насмевка на лицето и по сè изгледа остварена желба. Инаку, двојката била забележана кон средината на минатиот месец како заедно излегува од суши ресторан во Лос Анџелес. Исто така, ова не е прв настан на кој се појавуваат заедно.

Инаку Ривс имал прилчно тешко и несреќно детство. Татко му лежел во затвор поради трговија со дрога и го напуштил семејството кога Кијану имал само 3 години. Последен пат го видел кога имал 13 години. Мајка му повеќе пати се мажела, па него и неговите сестри ги одгледале баба му и дедо му, а најголемиот дел од животот го минал во Торонто.

Неговиот љубовен живот исто така му носи голема тага. Во 2001 година во сообраќајна несреќа ја изгубил неговата девојка Џенифер Сим. Две години пред тоа Кијану и Џенфер требало да станат родители, но за жал нивната ќерка Ава била родена мртва. Сите овие околности придонеле Кијану да помине и кризен перод на депресија.

Во нејзина чест, режисерот Дејвид Линч, чија асистентка била,  ѝ го посветил филмот „Mulholland Drive“. Сепак, после сите животни предизвици, во шестата деценија од животот, актерот е насмеан како што одамна не сме го виделе. 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Grant (@grantalexandra) onJun 10, 2019 at 1:16am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Grant (@grantalexandra) onApr 10, 2019 at 11:21pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Grant (@grantalexandra) onAug 10, 2018 at 2:44pm PDT

 

 

Објавено:
5 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.554 пати