Сите комбинации на Кејт Мидлтон месецов

20 јули 2017

Британското кралско семејство е посебно активно месецов, па светските медиуми се преплавени од информации за тоа каде се, што прават и секако што носат.

Во таа насока, во последниве 24 часа најактуелно е бохо изданието на Војвотката од Кембриџ.

фото извор: dailymail.co.uk

Вилијам и Кејт неодамна пристигнаа во Германија, а вчера присуствуваа на забавата која ја организираше британскиот амбасадор во Берлин, по повод 91-от роденден на кралицата Елизабета.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Иако роденденот беше во април, оваа амбасада секогаш го одбележува нејзиното раѓање во текот на летото со соодветна забава, дури и ако кралицата не е присутна.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Кејт повторно ги изненади модните критичари, одбирајќи нешто надвор од нејзината вообичаена естетика. Се работи за црвен бохо фустан со откриени раменици од модната куќа „Александар Меквин“. Новата, скратена и благо прекршена фризура одлично се вклопи во изгледот, а комбинацијата ја надополни со беж сандали „Прада“.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Инаку, семејството го привлече вниманието и при самото пристигнување во Германија, каде беа пречекани од Ангела Меркел

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор:dailymail.co.uk

Кејт и Вилијам, како и малиот Џорџ и Шарлот, беа облечени во сини нијанси. Војвотката од Кембриџ беше вистинска дама во синиот мантил-палто, креација на дизајнерката Кетрин Вокер, со која често соработува.

фото извор:dailymail.co.uk

фото извор: aol.com

фото извор: aol.com

Пред Германија, двојката ја посети и Полска, поточно Варшава, а поводот исто така беше роденденот на кралицата.

фото извор:dailymail.co.uk

Вилијам и Кетрин беа пречекани од повеќе од 2.000 луѓе, а модниот избор овој пат беше бел елегантен костим, повторно од модната куќа „Александар Меквин“.

И на забавата во чест на кралицата, Војвотката повторно не помина не забележано. Интересно е што одбра креација од полската дизајнерка Гоша Бачинска, што беше изненадувачки дипломатски чекор од нејзина страна. Белиот фустан, со графички мотиви и цветна апликација во пределот на половината, ги искомбинира со бисерен накит и црни елегантни сандали и повторно стана предмет на зборување на сите модни магазини.

фото извор: popsugar.com

фото извор: express.co.uk

Ден потоа, се појави во цветен комплетн на „Ердем“, во нејзин препознатлив стил.

фото извор: express.co.uk

фото извор: express.co.uk

фото извор: express.co.uk

фото извор: townandcountrymag.com

Пред да започне турата, ја гледавме и на тенискиот турнир Вимблдон. Покрај белиот фустан со цветен принт во долниот дел од Кетрин Вокер, веројатно позапаметена ќе остане комбинацијата со фустанот со црни точки од „Долче и Габана“.

фото извор: popsugar.com

фото извор: popsugar.com

фото извор: express.co.uk

фото извор: express.co.uk

Во меѓувреме се појави и во Историскиот музеј во Лондон, каде и одржа краток говор по повод отворањето на нова сала, за каде одбра едноставен, класичен повторно бел фустан со фалти, во комбинација со сандали на ременчиња од брендот „Прада“.

фото извор: popsugar.com

фото извор: popsugar.com

Месецов се случи и посетата на шпанското кралско семејство во Бекингемската палата, каде ја видовме во луксузно издание, носејќи ја тјарата со некогаш Дајана ја носеше.

фото извор: express.co.uk

фото: Instagram

Турнејата трае уште неколку дена, па веројатно до крајот на месецов Кејт со уште нешто ќе ги изненади обожавателите на нејзиниот стил и модните критичари.

Објавено:
20 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.403 пати