Сите стилски комбинации на Џенифер Лопез во новата година!

24 јануари 2015

Откако во 1996 – тата година таа се појави во улогата на Селена, не престана да воодушевува со нејзините стилски избори.

Џенифер Лопез е дефинитивно светска дива која секогаш знае да го одбере она во кое се чувствува најубаво, а притоа истото да биде тотално модерно и шик.

Таа постојано го маѓепсува светот со беспрекорните тоалети, но и секојдневни комбинации во кои знае вистински да ужива.

Дека таа нема проблем со изборот и секогаш знае што е добро за конкретниот момент, покажаа и нејзините комбинации што успешно ги направи во новата, 2015 – та година.

Иако од истата изминаа само 24 денови, шармантната пејачка и актерка направи доволно комбинации со кои најави дека допрва ќе уживаме во уште многу стилски стајлинзи од неа.

Кога станува збор за оставањето впечаток на црвениот килим, таа дефинитивно може да им одржи лекција на сите. Токму тоа и го направи на неодамнешните Златни Глобуси кога се појави во секси сребрена тоалета од ресортот на Зухаир Мурад.

Таа има истенчен вкус и кога се работи за секојдневните прошетки и јавни појавувања, а тоа го докажа и со неодамнешните комбинации во кои се појави на снимањето на новите епизоди од Американски Идол.

Во продолжение, потсетете се како изгледаше светската дива изминативе 24 денови!

Објавено:
24 јануари 2015
Категорија: 
Сцена