Сите забавни зимски комбинации на 64-годишната Лин Слејтер

16 февруари 2018

Инстаграм ѕвездата и една од најпопуларните модни блогерки, 64-годишната Лин Слејтер, во третата доба од својот живот му се откри на модниот свет и инстантно стана една од најобожуваните икони на стилот.
Таа е инспирација за секоја „обична" жена, истовремено и за оние модни инсајдери со највисоки модни критериуми, затоа што е своја, оригинална и неповторлива.

Нејзиниот профил на Инстаграм @iconaccidental е вистинска стилска разгледница, каде таа секојдневно објавува фотографии од нејзините камелеонски, стилски трансформации.

Зимава снимаше неколку модни кампањи, а беше и една од најпопуларните икони во уличната мода – сите нејзини модни авантури секако се објавени и на социјалните мрежи.

Оваа зима не отстапи од она што значи препознатливост за нејзиниот имиџ, предимензионираната облека споена во слоевити комбинации и секако кратката седа коса.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
16 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.063 пати