Сите зборуваат за црното сако-фустан на Меган Маркл

30 август 2018

Принцот Хари и Меган Маркл вчера беа на изведбата на мјуиклот „Хамилтон“ во  „Викторија Палас“ во Лондон.

Нивното појавување секако предизвика големо внимание и кај присутните, а уште повеќе кај медиумите. Она за што медиумите, посебно модните, зборуваат ден потоа е изгледот на Меган Маркл.

Таа за оваа пригода се појави во сако-фустан од брендот „Џудит енд Чарлс“, кое совршено ѝ прилега. Сако-фустанот е вистински моден хит последниве неколку сезони, идеално парче доколку сакате да ги споите елеганцијата и формалниот стил, како што тоа го направи Војвотката од Сасекс сега. Исто така, содржи во себе и доза на сексапил, кој Меган секогаш го вклучува во својот изглед.

Фустанот со должина над колена, го искомбинира со црни салонки и клач чанта со златни детали.

За промена, косата е собрана, а според коментарите, многумина сметаат дека вака е уште поубава. Природниот изглед на лицето и широката насмевка се секако присутни и уште повеќе придонесуваат за нејзиниот сјај.

Принцот Хари пак, со изборот на темното одело и вратоврска, модно ја следеше својата партнерка, со што уште еднаш покажа дека се складна двојка во секоја смисла.

Објавено:
30 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.320 пати
Извор: 
Popsugar