Сите зборуваат за фустанот на индиската ѕвезда Дипика Падуконе

15 мај 2018

На црвениот килим во Кан се појави уште една индиска ѕвезда. Се работи за актерката Дипика Падуконе, која на премиерата на филмот „Ash Is The Purest White“ (Jiang Hu Er N) дојде во впечатливо розова гламурозна креација на „Ashi studio couture“.

Волуменозниот фустан е всушност изработен во целост од карнери и со право го нарекуваат за еден од најгламурозните и највпечатливи на годинашното издание на Канскиот филмски фестивал.

Пред неколку дена истите зборови беа употребени за креацијата на Мајкл Синко, што ја носеше Аишварија Раи, што е показател дека индијките годинава обрнуваат посебно внимание на своето појавување на престижниот фестивал и оставаат посебен впечаток.

Инаку, фестивалот трае до 19. мај, па ќе биде интересно да се види дали уште некој вака ќе изненади на црвениот килим. 

Што мислите вие за оваа креација?

Објавено:
15 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.641 пати