Сите зборуваат за зелениот фустан на Амал Клуни

23 август 2017

Во светските медиуми деновиве постојано се зборува за тоа колку Амал Клуни е во одлична форма и после бременоста. Откако неодамна беше видена како го придружува Џорџ на тенис, сега сите зборуваат за зелениот фустан, кој го одбра за вечера со својот сакан во еден од рестораните на езерото Комо.

фото извор: harpersbazaar.com

Се работи за креација на модната дијзајнерка Стела Мекартни. Макси фустанот е транспарентен и целосно украсен со светкава монистра, која придонесува за уште по гламурозен впечаток, како и деловите со транспарентна тантела.

За разлика од стајлингот на Амал кој наиде на голем број пофалби и од модните стручњаци, но и од останатите љубители на модата, Џорџ Клуни и не се потрудил баш. Неговиот избор да облече фармерки и обична црна кошула, , наиде на критики, со став дека актерот може многу подобро и не смее да си дозволи вакви изданија, особено покрај дама каква што е неговата сопруга.

фото извор: harpersbazaar.com

Со оглед на тоа дека фустанот е доволно богат, Амал се одлучи да го заокружи изгледот со накит, но притоа да не претера. Златната алка и обетките, како и малата, клач чанта, се сосема доволни модни додатоци.

Инаку, оригиналната цена на фустанот е 5,695 долари, а во моментов е на попуст и изнесува 2,848 долари.

Каков вам ви се допаѓа ова нејзино издание?

Објавено:
23 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
8.306 пати