Сѐ повеќе жени се оперираат за да личат на Иванка Трамп

20 март 2017

Иако жените ѝ се восхитуваа многу порано пред да стане прва ќерка на Америка, Иванка Трамп стана вистинска модна икона откако нејзиниот татко положи заклетва.

Естетските хирурзи се чини најмногу се радуваат на нејзината популарност, бидејќи сѐ поголем број жени подлегнуваат на пластични операции за да личат на неа.

Модните комбинации што таа ги одбира постојано предизвикуваат воодушевување кај дамите, но она што тие вистински го сакаат е да изгледаат како неа.

„Иванка стана нова икона во пластичната хирургија. Веќе оперирав неколку жени кои сакаа да изгледаат како неа, а една потроши дури и 30.000 долари и шест часа под нож за да биде најслична што може“, изјави Френклин Роуз, естетски хирург од Хјустон за Редбук Магазин.

Жените најмногу го сакаат нејзиниот нос за кој ќе кажат дека е мал и елегантен, потоа изразените јаболчници, прекрасната кожа и цврстите гради.

За да изгледа онака како што изгледа денеска, и самата Иванка има направено неколку пластични операции.

Иако во моментов нејзиното модно царство се чини дека е во криза, поради тоа што многумина сѐ уште го бојкотираат нејзиниот татко, Иванка не престанува да воодушевува со стилските комбинации во кои изгледа одлично каде и да се појави.

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
922 пати