Скарлет Јохансон го покажа трудничкиот стомак на црвениот килим

15 март 2014

Завчера на Холивуд  му се случи премиерата на филмот „Captain America: The winter Soldier“, а на распосланиот црвен  килим зачекорија актерите од новото филмско остварување, како и нивни колеги кои присуствуваа за поддршка. Убавата актерка и моделка Скарлет Јохансон најмногу го привлече вниманието на фоторепортерите, облечена во црно бела креација од тантела на Армани, од која се наѕираше зголемениот труднички стомак.

Ниту , актерите Крис Еванс кој игра главна улога,  Антони и Џо Русо, не привлекоа внимание колку Скарлет, која со широка насмевка на лицето позираше пред фото објективите. Фустанот на Армани одлично ги истакнуваше нејзините облини, а модните критичари уште веднаш се сложија дека Скарлет направила одличен избор за состојба во која се наоѓа.

Објавено:
15 март 2014
Категорија: 
Сцена