Скарлет Јохансон потврди дека е бремена

5 март 2014

Холивудската актерка и моделка  Скарлет Јохансон ја потврди веста дека го очекува своето прво дете со нејзиниот вереник, францускиот новинар Роман Дауријак. Сега засега и двајцата новопечени родители не размислуваат за венчавка, а неодамна Скарлет го доби почесниот „Цезар“.

Нејзиниот здолемен стомак на овој настан ги поттикна шпекувалициите за бременоста, а потврдата за блажената состојба ја соопшти  нејзината портпаролка за странскиот магазин „Пипл“. Инаку, Скарлет пред три години беше во брак со актерот Рајан Рејнолдс.

 

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Сцена