Слатката Ел Фенинг во нов едиторијал за Асос

31 мај 2014

Ел моментално е честа гостинка на црвените килими каде со колешката Анџелина Џоли го промовираат новиот филм на Дизни „Злобната вештерка“. Токму поради својата популарност,  брендот ја ангажираше за шпанското издание на онлајн магазинот, во комбинации во кои благодарение на нијансите и принтовите доаѓа до израз нејзиниот младешки дух.

Во интервјуто, Фенинг зборува  за Карл Лагерфелд, Џоли, Бијонсе, гледањето филмови и својот необичен живот. Иако е на филмското платно уште од мали нозе, а од неодамна сними и кампања за Прада, сепак Ел Фенинг е обична девојка која обожава да оди на шопинг со пријателките, на кино, а дома обожава да гледа забавни емисии.

Објавено:
31 мај 2014
Категорија: 
Сцена