Слушнете ја новата песна на Адел

19 октомври 2015

Изминатиов викенд британската музичка сензација Адел повторно ги расплака нејзините обожаватели со објавата на дел од нејзината нова песна.

Делот од песната беше објавен за време на новото издание на Икс Фактор, по што коментарите на социјалните мрежи не стивнуваа. 

Британската ѕвезда нема објавено песна од октомври 2012 – та, кога постигна огромен успех со „Skyfall“, напишана за потребите на Џејмс Бонд. 

Оваа песна всушност ќе биде и дел од нејзиниот долго очекуван нов албум, кој ќе биде прв по раѓањето на нејзиниот син Анџело и неверојатниот албум со наслов „21“ со кој го освои светот. 

„Новата песна на Адел направи да не престанам да плачам цел ден“, напиша една девојка на Твитер. 

„Текстот има толку длабоки зборови, јас не сум подготвена за таква нова болка во градите предизвикана од песните на Адел“, гласи еден од коментарите на Твитер. 

Се шпекулира дека на дел од песните, Адел ќе работи со Лејди Гага

Нејзиниот последен албум „21“ се продаде во 4.6 милиони копии во Британија и 11 милиони копии во САД. 

Освен „тизерот“ од 30 секунди објавен за време на Икс Фактор, нема други конкретни податоци за песната.

Објавено:
19 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.925 пати