Сончевиот стајлинг на Меланија Трамп

6 февруари 2018

Деновиве повторно во центарот на модното внимание е Меланија Трамп. На неодамна одржаното финале на Супер Боул таа се појави во комбинација во која досега не сме ја виделе.

Таа се одлучи за тесни бели фармерки (J.Brand) и спортска бомбер јакна од сатен, во сина боја со црвени кожени детали. Јакната е од брендот „Amiri“, а комбинацијата е заокружена со темносини чевли од омилениот Лубутан.

Само ден потоа, таа остави впечаток во една весела комбинација. За еднодвената посета во Охајо и посета на една детска болница, Меланија одбра кожено пенкало-здолниште, во комбинација со интензивно жолта ролка и капут во исто таква нијанса. Капутот и ролката се од брендот „Ралф Лорен“, додека здолништето е дело на нејзиниот стилист Ерв Пјер. Изгледот е комплетиран со чевли со леопард принт, дело на Маноло Бланик.

Инаку, изминативе два дена, се коментираше уште еден нејзин стајлинг и тоа при пристигнувањето на Флорида, кога се појави во темен џинс и џемпер, во комбинација со совршен капут од брендот „Maison Ullens“, чанта „Gucci“ и темносини чевли.

Кој најмногу ви се допаѓа?

Објавено:
6 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.010 пати