Совршени модни комбинации на Кетрин Зета Џонс во Кан

17 октомври 2017

Актерката Кетрин Зета Џонс кон крајот на минатиот месец го прослави 48-миот родеден, но може да се пофали со беспрекорна линија.

Тоа го потврди и кога неодамна се појави во Кан, каде го промовираше својот нов филм насловен „Cocaine Godmother“.

Ако судиме по насловите во светските медиуми, нејзиниот изглед привлече многу поголемо внимание отколку филмот.

Таа се појави во три комбинации, и уште еднаш покажа дека суптилниот сексапил ја прави жената уште попривлечна.

Во тој контекст, нејзиниот избор беа три фустана во темни нијанси.

На прес конференцијата пристигна во тесен тегет коктел фустан, кој во горниот дел е со голи раменици, додека здолништето е асиметрично.

За премиерата на „Cocaine Godmother“, на црвениот кили одбра елегантен црн фустан од модната куќа „Cushine et Ochs“, на едно рамо. Креацијата е збогатена со крупни карнери во предниот дел, исто така асиметрично поставени.

Вечерта пак, престојот во Кан го искористи за да присуствува и на MIPCOM конференцијата. За таа пригода откри едно посмело издание, уште една долга црна тоалета, но со транспарентни делови, длабоко деколте и комбинација на светкав материјал со тантела.

Со сите три стајлинга, Кетрин Зета Џонс успеа вниманието целосно да го насочи кон себе.

Уште поинтересено е тоа што ниту една од фотографиите не се фотошопирани, па лесно може да се забележи процесот на стареење на кое таа посебно се гордее. За тоа говори и Инстаграм објавата од претходниот месец, каде се појавува комплетно без шминка, алудирајќи на тоа дека достоинствено ги носи годините и животното искуство.

 

 

Sleeping in @casazetajones! #SelfieSaturday #CasaZetaJones

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) onSep 2, 2017 at 8:49am PDT

 

 

Sweet dreams. #SelfieSaturday

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) onFeb 25, 2017 at 6:03pm PST

 

 

Love waking up on a sunny morning. #SelfieSaturday

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) onJan 21, 2017 at 9:05am PST

Објавено:
17 октомври 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.505 пати