Совршеното црвено издание на кралицата Летиција

23 декември 2017

Кралицата Летиција е една од омилените жени, не само во Шпанија, туку и ширум светот, особено кога се работи за модата. 

Важи за некој кој вешто ги крши правилата и знае како да ја носи облеката.

Овој пат вниманието го сврте благодарение на комбинацијата во црвено. Храбар чекор, бидејќи не е воопшто едноставно да се носи оваа боја од глава до петици.

Здолништето со интересен принт го спои со црна ролка, а на тоа додаде црвен капут на преклоп од брендот „Хуго Бос“. Комбинацијата ја направи уште повпечатлива со високите црвени чизми над колена, со исто така висока потпетица.

На крајот стајлингот го комплетира со црвена чанта со метален ремен.

Со ова Летиција (45) уште еднаш ја покажа својата модна храброст и умешност.

Како вам ви се допаѓа нејзиниот стајлинг?

 

фото извор: popsugar.com; dailymail.co.uk; pinterest.com;

Објавено:
23 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.562 пати