Средовечната убавица Џулиен Мур е главна хероина на насловната на Beach

18 август 2014

Една од најпочитуваните холивудски актерки, 53-годишната Џулиен Мур со причина е главна хероина на насловната страна на магазинот Beach.

Таа докажува дека средовчните жени блескаат со посебна убавина благодарение покрај другото и на животното искуство и на поголемата самодоверба. Оваа мајка на двајца тинејџери изгледа совршено во избор од  неколку уникатни креации од последните колекции на Том Форд, Ланвин, Марни и Вероник Лерој, како што се фустаните со елегантна силуета во металик црвена односно металик зелена боја.

Во интервјуто за магазинот таа зборува за мајчинството, за нејзината работа во добротворни цели, па дури и за тоа колку во суштина таа е добра домаќинка.

 

 

Објавено:
18 август 2014
Категорија: 
Сцена