Стилот на Ен Хатавеј низ 36 фотографии

12 ноември 2018

Актерката Ен Хатавеј денеска го прославува 36. роденден. Публиката најмногу ја запозна и засака благодарение на улогата во филмот „Ѓаволот носи Прада“, а оттогаш нејзината кариера оди исклучиво во нагорна линија. 

Последните остварувања од 2018 во кои се појавува се „Ocean's 8“ и „Serenity“, кои имаат добар прием кај публиката.

А како растеше нејзината кариера, така се подобруваше и нејзиниот стил. Ен Хатавеј не се доживува како типична Холивудска ѕвезда, па во повеќе наврати изјави дека не се облекува само колку да се фотографира или само за да изгледа токму како ѕвезда. 

За неа облеката е порака, а ја почитува и удобноста. Низ годините луташе со стилот, за сега да се пронајде себеси - сведени комбинации, во кои секогаш има простор и за по некој принт.

Она по што можеби е повеќе препознатлива е косата, односно менувањето фризури. Така, сме ја гледале и со убава долга коса, но и со сосема кратка, „машка“ фризура, која за волја на вистината, фантастично ѝ прилега.

Во продолжение ќе ве потсетиме на некои од нејзините најдобри, односно највпечатливи изданија низ годините. 

Стилот на Ен Хатавеј низ 36 фотографии:

2004

2007

2008

2008

2008

2009

2009

2009

2009

2010

2010

2010

2010

2011

2011

2011

2011

2012

2012

2013

2013

2013

2013

2014

2014

2014

2014

2014

2015

2015

2015

2016

2016

2018

2018

2018

Објавено:
12 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
603 пати