Стилот на Кејт Хадсон во бременоста

13 јуни 2018

Актерката Кејт Хадсон кон почетокот на април откри дека е бремена и дека носи девојче. Во тој период се завршуваше првото тримесечје од бременоста, така што новиот член на семејството би требало да пристигне во септември.

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson) onMay 13, 2018 at 10:55pm PDT

 

За потсетување, на Кејт ова ѝ е прво дете со новиот партнер Дени Фуџикава. Претходно ги има 14-годишниот Рајдер кој го доби во врската со Крис Робинсон и 6-годишниот Бингам кој го доби со Мет Белами.

Веста дека очекува девојче ја сподели на Инстаграм на интересен начин. Во дворот на својот дом, во присуство на децата, Дени и пријателите, имаше голем балон со прашалници, од кој потоа излегоа розови конфети.

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson) onApr 6, 2018 at 10:15am PDT

Што се однесува до стилот во текот на оваа бременост, Кејт остана доследна на удобните парчиња, но веќе ги нема парчињата што откриваат премногу.

Иако не се појавува премногу често во јавноста, успеавме да ја видиме на неколку настани, каде презентираше повеќе свечени креации, па воедно може да претставува инспирација за дамите што се бремени, а ги очекува некаква свечаност.

Погледнете:

 

A post shared by Kate Hudson (@katehudson) onMay 1, 2018 at 5:25pm PDT

 

Објавено:
13 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
403 пати