Стилот на Кејт Мидлтон пред титулата Војвотката од Кембриџ

6 септември 2017

Пред 2011 година кога ја доби титулата Војвотката од Кембриџ, таа беше Кејт Мидлтон, ослободена од сите формалности што по влегувањето во кралското семејство, ќе ѝ се наметнат како основни правила во секој сегмент од животот.

Сега важи за модна икона со изострено стилско чувство, секогаш пример како треба да изгледа една дама од кралското семејство. Дури и изненадувачки добро се снајде во тој дел од нејзината „функција".
Но, пред титулата и новата животна улога, Кејт обожувала да носи џинс, краток топ, па дури и леопард принт.

Неколку фотографии што сведочат за нејзиниот изглед пред Војвотката од Кембриџ, погледнете во галеријата во продолжение.

Фото извор: Getty images, Elle

Објавено:
6 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.312 пати