Стилска мама - Гвен Стефани

17 ноември 2014

Пејачката и дизајнерка, Гвен Стефани е мајка на три деца, но тоа не ја спречува да биде успешна како на професионален, така и на приватен план. Таа воодушевува со формалниот стил за свечени манифестации, како и со стајлинзите за прошетка низ парк со децата, играње со нив, шопинг или за патување. Токму поради конзистентниот и оригинален стил кој го негува години наназад, Гвен е често на листата за најдобро облечени.

Дека таа е модерна во секој поглед, потврдуваат и папарацо фотографиите направени на разни локации, на кои пејачката ужива во друштво на своите најмили. Без разлика дали се работи за кежуал или лежерна комбинација, Гвен секогаш е стилизирана со парчиња кои се апсолутен „ин“, односно панталони, комплети, транспарентни парчиња, разресените фармерки или оние во машки крој, а тука се и чевлите на висока потпетица, чизмите, патиките, марамите, чантите, очилата за сонце и црвениот кармин, по кој е препознатлива. Гвен Стефани е пример за позната дама која и покрај обврските, секогаш знае да биде средена од глава до пети и тоа на наједноставен, и впечатлив начин.

Преземено од Fashion.hr
Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Сцена