Стилскиот бум на Селин Дион за 2017

14 јули 2017

Таа е во фокусот на модната сфера, откако „грижата" за нејзиниот стил ја презема стилистот Ло Роах.
2017 е нејзина година во која без сомнеж изгради ново лично ниво на врвен имиџ.

Актуелна е и како гостинка на сите престижни модни случувања, кога апсолутно доживува камелеонска, стилска трансформација.

Ќе ја видите облечена од „street wear" фазон во парчиња на Vetements до бескомпромисно авангардна во комбинација од најлуксузните брендови како Версаче, Џамбатиста Вали и Баленсијага.

За стилот на Селин, слободно може да коментираме во два периоди, пред и по Роах.

Претходно таа беше дама со коректен, класичен, елегантен стил, без некој особен стилски печат. Новата Селин е храбра дива која сака да експериментира, а притоа одлично се носи со различни стилски фазони.

И таа е пример како една жена која веќе е во средната доба од својот живот, може да „ризикува" со промена на стилскиот идентитет со тотално успешен резултат.

Фото извор: @celinedionstyle

 

 

Објавено:
14 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.382 пати