Суки Ватерхаус е ѕвезда на јануарскиот број на магазинот Ел

5 декември 2013

Омилената манекенка на брендот Барбери и девојката на холивудскиот убавец Бредли Купер, Суки Ватерхаус е ѕвездата на јануарскиот број на британското издание на магазинот Ел.

Прекрасната манекенка го привлече светското внимание на себе многу повеќе откако почна да излегува со холивудскиот актер.

Во интервјуто за магазинот, таа говори и за врската со актерот, уште еднаш потенцирајќи дека не сака да зборува многу за него во јавност.

„Можеби е најдобро да кажам за себеси дека не сум од оние девојки што сакаат да зборуваат за своите момчиња. Што и да кажам ќе звучи чудно, но вистина е дека доколку сега почнам да зборувам, нема да можам да запрам, ме разбирате, нели?“

За можна венчавка, таа вели дека не се труди да размислува многу...

„Јас само сакам да работам напорно и најдобро што можам и секако да бидам добар пријател“, вели Суки.

Објавено:
5 декември 2013
Категорија: 
Сцена