Фондацијата Новак Ѓоковиќ основана од најдобриот тенисер на светот, вчеравечер организираше добротворна гала вечер во Милано каде беа собрани средства за програмата за предучилишно образование на децата во Србија.

На гала вечерта беа присутни околу 400 гости меѓу кои и некои од најпознатите ликови во модата, спортот и музиката денеска.

Покрај присутните, на Ѓоковиќ поддршка му дадоа и познатиот светски дизајнер Џорџо Армани, Ана Винтур, неговата колешка Серена Вилијамс, познатата манекенка Карли Клос и многу други.

Сите собрани средства од аукцијата ќе бидат донирани во програмите за предучилишно образование на децата во Србија, а целта е секое едно дете да има подеднакви шанси да се развива и да учи, особено во најраниот период од животот.

Дел од оваа програма за која се бори фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, се и проектите за поттикнување на развојот и учењето кај децата, нивната креативност, како и оние за социјализација, игри и дружење со нивните врсници.

На вечерата најголем впечаток остави неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ која се одлучи за кусо светкаво фустанче во две бои – виолетова и црна.

Комбинацијата таа ја надополни со виолетови високи потпетици и како и секогаш, многу едноставна шминка и фризура со што уште еднаш ја истакна нејзината природна убавина.

Во галеријата погоре погледнете кој беше дел од добротворната гала вечер во Милано.

 

Објавено:
21 септември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.034 пати