На вчерашното финале на Грен слем турнирот Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го порази Кевин Андерсон и со тоа по четврти пат го освои престижниот пехар.

Сосема очекувано, на трибините можевме да видиме некои од најголемите ѕвезди, обожаватели на фантастичниот спорт и поддржувачи на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Се чини најголемо внимание на трибините предизвикаа принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, кои беа супер расположени во друштво на премиерката Тереза Меј.

За пригодата, Кејт одбра едноставен и прекрасен фустан на Долче и Габана, додека принцот се одлучи за елегантен костим во сива и темно сина нијанса.

Претходниот ден, Војвотката го следеше и женското финале, но во друшто на прекрасната Меган Маркл која повторно се појави во шик комбинација составена од едноставни бели панталони, кошула во сино – бели пруги и бела шапка која ја држеше во рацете, со оглед на тоа што носењето шапки е забрането во „кралската кутија“.

Прекрасни и заљубени на финалето беа и актерот Еди Редмејн и неговата сопруга Хана, кои се чести посетители на тениските натпревари.

Сопругата на актерот се појави во прекрасен фустан со пеперутки од ресортот на Red Valentino, комбиниран со едноставни високи потпетици, додека нејзиниот сопруг носеше син костим во комбинација со бела кошула и стилски додатоци.

Натпреварот тие го следеа во друштво на познатиот актер Хју Грант и неговата нова сопруга Ана, а нивното пристигнување предизвика вистинско „лудило“ кај обожавателите кои ги чекаа да се фотографираат.

Неверојатно стилска беше и познатата актерка Ема Вотсон која мечот го гледаше во друштво на нејзиниот колега Лук Еванс, облечена во сафари фустан – кошула, надополнет со крем шапка која одлично и прилегаше.

Згодниот Лук Еванс се одлучи за комбинација составена од претежно светли парчиња, односно кошула со принт, крем сафари палто и малку потемни панталони.

Вистински возбудена за натпреварот беше и актерката Кејт Винслет која изгледа сè подобро со годините, а близу до неа можевме да го видиме и секогаш стилскиот актер Бенедикт Камбербач кој за настанот се одлучи за светло сив костим во комбинација со сина кошула и шапка.

Во галеријата, погледнете дел од највпечатливите гости на вчерашното финале.

Објавено:
16 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
904 пати