Светските ѕвезди го означија крајот на музичкото лудило наречено Коачела

22 април 2014

Музичката забава наречена „Коачела“ продолжи и изминатиот викенд кога всушност и многубројните ѕвезди го означија крајот на омилениот светски музички фестивал во Калифорнија.

Последниот викенд на Коачела помина целосно во знакот на светските ѕвезди кои непрестајно се појавуваа на големиот број забави во рамки на фестивалот.

Бројните магазини кои што присуствуваа на фестивалот и ги „ловеа“ познатите ѕвезди, за најфотогенична и најслатка двојка ги одбраа прекрасната Дајан Кругер и нејзиното момче Џошуа Џексон кои се појавија во неколку неодоливи комбинации.

За девојки кои најмногу се забавуваа на годинешното издание на Коачела, без конкуренција беа одбрани сестрите Кајли и Кендал Џенер кои уживаа во фестивалската програма заедно со нивните бројни пријатели меѓу кои и Џејден и Вилоу Смит.

Во однос на музичката програма, луда забава направи одличната Ели Голдинг, а присутните „полудеа“ и кога на сцената се појавија одличните Фарел Вилијамс, Џеј Зи и Ашер.

Одличен настап од еден час и 20 минути имаа и неверојатните Ауткаст кои направија публиката да остане без здив. На сцената на вториот викенд од Коачела фестивалот се појавија и долгоочекуваните Аркад Фајр кои се чини помалку ги разочараа обожавателите кога на сцената со себе донесоа двајца момци облечени како култното дуо Дафт Панк за кои беше и повеќе од очигледно дека се лажни!

Шармантна забава на сцената приреди и миленичката на американската публика Лана дел Реј која заедно со Ели Гулдинг го направи крајот на годинешното издание на Коачела тотално незаборавно!

Во продолжение погледнете кои беа ѕвездите кои лудо се забавуваа на вториот викенд на Коачела.

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Сцена