Тајра Бенкс: Презафатена сум за да бидам мајка

16 јануари 2014

Познатата манекенка со светска слава, Тајра Бенкс, изјавува дека не чувствува потреба да го забави темпото на живот за да стане мајка. Таа е горда на своите достигнувања и засега не сака да се доживее во улога на родител.

-Понекогаш жените ми се многу чудни. Имаат големи успеси и силни голови, но во одреден период тоа го стопираат поради мајчинството. Јас знам дека сум успешна и не чувствувам никаква потреба да бидам мајка, напротив сакам што повеќе да се преокупирам со други нешта, вели Тајра.

Таа исто напомнува за новите улоги што ќе ги има претстојниот период. Тајра беше во центарот на медиумите поради зголемената тежина и промената на телото, а токму на таа тема црномурестата моделка наскоро ќе проговори и за ефектите и причините за накачувањето килограми.

-Цел живот се грижев и бев преокупирана со своето тело. Но, кога луѓето почнаа да зборуваат дека сум дебела, јас тоа не го разбрав како коментар упатен само кон мене, туку кон сите жени што имаат како моето тело. Чувствувам дека треба да се изјаснам и да кажам дека сите тие можат само да го бакнат мојот дебел задник, искрено се изјасни Бенкс.

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Сцена