Тајра Бенкс против диета

12 август 2013

Иако е необично за манекенка да избегнува строги режими на исхрана и диети, Тајра Бенкс е баш од тие. Кој би рекол! Во текот на нејзината емисија America’s Next Top Model, Тајра зборуваше за својата битка со килограмите.

-Пред неколку години изгубив доста килограми поради работата и бев премногу строга околу исхраната. Кога ќе ви кажат „мора да ослабнеш“, слепо се придржувате до тоа. Не ни сватив дека ослабев додека не ги видов фотографиите и помислив „Не ми се допаѓа ова, не изгледам убаво! Ми треба повеќе задник“. Тајра изјави и дека врвот од кариерата го доживеала кога имала најмногу килограми.

-Имам премногу целулит сега.Немам ништо против обликот на мојот задник но, целулитот ме предизвикува. Не можам да носам кратки здолништа без чорапи и тоа многу ми пречи, искрено вели Тајра Бенкс.

Објавено:
12 август 2013
Категорија: 
Сцена