Театарски награди 2015: Провокативни креации на минус температури

23 ноември 2015

Во Лондон вчеравечер се одржаа „Evening Standard Theatre Awards“ наградите. Но, студеното време и температурите кои беа под нулата, направија сите да се насочат кон црвениот килим, а не кон наградите и наградените.

Силниот ветер направи проблем, па денеска сите зборуваат за долната облека на Кели Брук и „не можеш а да не го забележиш“ деколтето на Селма Хаек.

Кели Брук

Селма Хаек

Меѓу присутните на овој значаен настан во Британија беа и Ана Винтур, Браја Меј, Суки Ватерхаус, потоа Кејт Бекинсејл, Никол Кидман, која беше и една од најдобро облечените вечерта...

Никол Кидман ја освои наградата за најдобра актерка

Со своето присуство манифестацијата ја збогати и актерката Џилијан Андерсон која се појави во црвен коктел фустан, додека изборот на Пикси Лот беше исто така коктел фустан, но во црна боја и од кадифе.

Џилијан Андерсон

Пикси Лот

Што се однесува до наградите, за најдобар актер беше избра Џејмс Мекавој, додека Никол Кидман ја добри наградата за најдобра актерка. Меѓу наградените се најдоа и Дејвид Мурст како талент во подем, Имелда Стаундон за најдобра изведба во мјузикл, Ванеса Редгрејв за најдобра режија...

Највпечатливите од црвениот килим погледнете ги во продолжение:

Објавено:
23 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.180 пати