Тејлор Сфивт е ѕвездата на Билборд музичките награди

18 мај 2015

Американската поп-кантри ѕвезда, Тејлор Сфивт си замина дома со осум Билборд награди, кои се доделуваа вчеравечер во Лас Вегас. Воедно, таа освои и најмногу награди, меѓу кои и онаа за најдобар женски изведувач и најдобар изведувач меѓу топ 100 и топ 200 музичари.

На церемонијата таа го претстави и новиот видео запис за песната Bad Blood, од новиот албум 1989, на кој се појавува и раперот Кендрик Лејмар.

Во машка конкуренција, Сем Смит е прогласен за најдобар изведувач и нов музички уметник. Поради операцијата на гласните жици, Смит не се појави на доделувањето, но испрати видео порака, во која вети дека бргу ќе закрепне и ќе продолжи да пее.

видео пораката на Сем Смит видео пораката на Сем Смит

Британскиот бенд One Direction, триумфираше во категоријата на групи. Иги Азалеа си замина со три признанија, меѓу кои и за најдобра рап песна, а на сцената вчеравечер премиерно со Бритни Спирс ја изведоа песната Pretty girls.

One Direction One Direction

Кога се настапите во прашање, вечерта ја отвори рок бендот Van Halen со песната Panama, а Хозиер го изведе својот хит Take me to Church, а се закити и со наградата за најдобар рок албум. На сцената се појавија и Кели Кларксон, Ники Минаж, Канје Вест со настап во „пламени“.

Фарел Вилијамс ги собра сите признанија во R’n’B категоријата и тоа за песна, албум и уметник.

Комплетната листа на победници и добитници на Билборд музичките награди можете да ги видите тука.

Инаку, домаќини на манифестацијата беа раперот Лудакрис и супермоделот Криси Тајген.

Од магазинот Билборд, кој воедно и ги доделува наградите, потенцираа дека финалистите се одбрани со помош на интеракцијата на обожавателите, а големо влијание имаат и продажбата на албумите, дигиталната продажба, турнеите, радио-емитувањата, стримингот и социјалните мрежи, за разлика од Греми наградите, за кои одлучува жири од претставници од музичката индустрија.

Кога е црвениот килим во прашање и модните комбинации, имаше од сè по нешто. Принтовите доминираа, како во храбрите и несекојдневни комбинации, така и во ултра тренди парчињата. Комбинезоните беа исто така едно од често застапените парчиња, а токму за еден таков бел се одлучи и ѕвездата на вечерта, Тејлор Сфивт, додека Криси Тајген одбра еден во хипи варијанта.

Криси Тајген

Џенифер Лопез повторно се појави во транспарентен фустан со тантела, а освен фустанот сите забележаа дека друштво ѝ прави и младиот Каспер Смарт.

Каспер Смарт

Џенифер Лопез

Мараја Кери се појави во црн фустан со длабоко деколте, а додека Меган Трејнор во светкава долга тоалета.

Мараја КериМеган Трејнор

Сите модни комбинации од црвениот килим можете да ги погледнете во галеријата во продолжение:

Објавено:
18 мај 2015
Категорија: 
Сцена