Тијана блесна во креација на Елена Лука на концертот на Дуке Бојаџиев

12 мај 2018

Тијана Дапчевиќ е една од гостинките на Дуке Бојаџиев, на двата концерти кои се одржуваат во Македонската филхармонија.

Со својата харизма, интерпретација, но и изглед, таа вчера на сцената заблеска во вистинска смисла на зборот. Довербата и за овој настан ѝ ја даде на модната куќа Елена Лука.

Тијана се појави во креација во сирена крој, која ја истакнува фигурата на пејачката на вистински начин. Создадена од префинет материјал, кој подразбира беж основа и црн мрежест материјал од кожа, сосема се вклопува и во нејзиниот личен сензбилитет - смелост и нежност споени во едно.

Горниот дел е корсетски изведен, половината е истакната со тенок ремен, додека привидниот шлиц, и доза на транспарентност додадоа вистинска доза на сексапил и провокација во изгледот.

Во комбинација со енергијата што ја носи, Тијана вчера блесна на сцената, како вистинска дива и во секоја смисла ја покажа почит кон Дуке како личност, неговата музика, но и македонскиот дизајн.

Инаку, таа и Елена Лука досега оствариле бројни успешни соработки, а како вели, соработката со брендот ќе продолжи и понатаму.

 

Објавено:
12 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.478 пати