Тијана во трендовско карирано одело од „Елена Лука“ ја испеа „Тајно моја“

3 ноември 2018

Во ВИП арената „Борис Трајковски“ вчеравечер се одржа концертот во чест на Тоше Проески, на кој воедно беше промовиран и новиот албум „Secret Place“.

Пред многубројната публика настапија познати ѕвезди од домашната и балканска сцена. 

Меѓу нив беше и нашата Тијана Дапчевиќ, која ја разгали публиката со изведбата на „Тајно моја“. 

Кога е изгледот во прашање довербата повторно ѝ ја даде на модната куќа „Елена Лука“.

Женските одела со машки крој сезонава се апсолутен хит, а Тијана се појави токму во таква комбинација. 

Тимот на модната куќа ја обедини оваа актуелна модна тенденција на оделата со карираните мотиви кои исто така се на врвот на модната листа на трендови за сезонава и создаде впечатлив и модерен стајлинг за пејачката.

За комбинацијата да биде уште повпечатлива придонесоа и кадифените ревери во смарагдно зелена нијанса кои одлично се вклопија со останатите бои од карираниот дезен.

Изгледот беше комплетиран со чевли на висока потпетица.

Но, покрај тоа што изгледаше модерно и софистицирано, Тијана како некој што секогаш предност ѝ дава на удобноста, се чувствуваше комфорно во она што го носи, па нема сомнение дека пејачката и македонскиот моден бренд „Елена Лука“ се тим кој одлично функционира и се разбира.

 

Објавено:
3 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.786 пати