Том Форд: Како неуспехот ме направи милионер

1 октомври 2013

Tom-Ford-Sunglasses-485x728

Том Форд можеби е еден од најпознатите перфекционисти во модата, но тој вели дека е многу благодарен кога работите нема да се одвиваат како што треба.

„Се радувам на неуспех и кога работите нема да се перфектни. Тоа ме враќа назад во рингот, да ги исправам и направам како што треба“.

И се чини работите се токму такви-какви што треба откако Форд стана еден од најновите милионери во светот на модата. Инаку, Форд кој го продаде својот Енди Ворхол портрет за 32,6 милиони долари во 2010 година, за да го потпомогне финансиски развивањето на брендот.

„На прагот речиси на 2014 година, ако продолжииме да се држиме кон бизнис планот, ќе заработиме милијарда долари на годишно ниво. Тоа не се однесува само на продажбата на облека, туку и на очилата за сонце, козметика, модните додатоци за мажи и жени...“, велат од тимот.

Објавено:
1 октомври 2013
Категорија: 
Сцена