Том Харди се сликаше за Esquire

9 декември 2016

Том Харди не е типична холивудска ѕвезда иако ги има сите предиспозиции да биде. Иако важи за еден од најсексапилните актери од новата генерација, Харди секогаш избира комплексни улоги со кои физичкиот изглед е оставен во сенка.

Тој секогаш го одбегнува вниманието на јавноста и ретко кога дава интервјуа. Токму затоа е и толку ексклузивно интервјуто за магазинот Esquire за кое направи и неверојатно маркантна фотосесија. Причината е промоцијата на неговата ролја во новата серија „Taboo" која ја снимаше во соработка со BBC.

Во интервјуто за магазинот, актерот зборува за новата улога, за неговата сопруга Шарлот, за семејниот живот како и за потенцијалната можност за ново продолжение на „Mad Max".

Целото интервју може да го прочитате овде.

Објавено:
9 декември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
639 пати